Стекот го сечеме на тенки шницли и во земјена тава го редиме на почеток прво него. Врз стекот го ставаме модриот патлиџан кој предходно сме го исекле на тенки кришки кои ги печеме десетина минути посолени на двеста степени. Врз модриот патлиџан редиме кашкавал и панцета.
Оваа постапка ја повторуваме уште еднаш на крај ги ставаме сецканите компири на коцки, кромидот на кругови и доматот на кругови на крај заедно со маслинките и пиперката. Целата тава ја полеваме со бешамел сос.
Подготовка на сосот
Путерот го загреваме додаваме брашното постепено мешаме на тивок огин.
Млекото го додаваме во брашното и мешаме откако ќе ја добиеме посакуваната густина ги додаваме зачините. Сосот го сипуваме врз тавата и ставаме капак...
Печеме околу час и половина на 200степени.
Добар апетит!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани