- Во сад ставете да се загрее маслото. Додадете ги во него свинското и телешкото месо исечено на коцки, нека се пржи до останување на маслото - да испари течноста (сокот) која ја пушта. Додадете го исецканиот кромид и морков, посипете со сувиот зеленчук, додадете го и кимот, лутото пиперче, динстајте на потивко подливајки го со вода - нека крчка околу 30 мин, така стално промешувајте.
- Доддете го излупениот и на помали коцки исечен компир, ловорот, лукчето, доматното пире, додадете вода колку да се покрие целата содржина во тенџерето, оставете да се вари. При крајот додадете го веќе сварениот грав или наутот, виното и во малку вод разматениот густин.
Истурете - пробркајте - додадете вода онолку колку што сакате да ви биде густо,нека кратко провре за да се спојат вкусовите - додадете магдоносот и тргнете.
Фантастичен е, ова е за помало семејство, а кој сакате повеќе - дупли состојки.
Подеднакво вкусен и со гравот и со наутот.
Јас овојпат ставив наут.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани