Грузијски мчади

Овој пат зготвив мчади од грузијската кујна кои содржат кашкавал и лук, поради тие состојки лепчињата испаднаа уште повкусни и помеки.

1. Брашното, пецивото и газираната вода се мешаат и тестото се остава на 10тина минути да се одмори.
2. Во тестото се додаваат изренданите кашкавал и лук, солта, јајцето и маслото и смесата се промешува.
3. Потоа од смесата се прават како ќофтенца ( лесно се спремаат) и се пржат во доволна количина од масло од двете страни додека да се заруменат.

Додека се пржат мчади тавчето мора да се покрие со капак.
Најдобро мчадите да се послужуваат додека се топли и со павлака или јогурт.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани