Уште една превкусна торта од мојата кујна со суво овошје во тестото.
1. Најнапред се вклучува рерната на 250 степени.
2. Белките се матат во цврст снег со постепено додавање на шеќерот.
3. Сите останати состојки за тесто се мешаат во сад на страна и се додаваат во снегот од белки.
4. Еден голем плех за печење се обложува со пек хартија, и во него се истура смесата за тесто.
5. Се става да се пече околу 15 минути на 180 степени, додека кората на тестото не порумени убаво.
6. Се вади, се остава на страна да се излади.
7. Жолчките, 100 мл. млеко, брашното и ванилата се блендираат.
8. 400 мл. млеко и шеќерот се мешаат и се ставаат во длабок сад на оган да зовријат.
9. Се додаваат веќе изматените жолчки, се вари густ пудинг и се остава да се излади.
10. Му се додава чоколадото искршено и се меша додека убаво да се соедини во кремот.
11. Путерот (кој треба да се омекнат) и шеќерот во прав се матат во сад на страна, а потоа се соединуваат со веќе изладениот крем, матејќи со миксер.
12. Печеното тесто се сече на три еднакви ленти, се филува – кора, крем, кора, крем, кора крем. Бидејќи има доволно крем може да се премачка целата торта.
13. Декорирајте по желба.

Напомена –
*Ско сакате поцврст крем додадете уште 100 гр. плус путер или маргарин од веќе наведената количина. Јас милувам помеки кремови, па практикувам да додавам помалку путер.
*И количината на шеќер може да се намали или зголеми во зависност од вкусот.
*За во тестото може да се користат и плус ореви или кокос, а суво грозје или сува брусница како замена за урмите и смоквите
*Ако сакате тортата да е посочна, во текот на филувањето попрскувајте ги корите со сок, вода или млеко.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови