Знам дека доцнам со објавување на рецептот, ама го заборавив. Сега ваѓав од салатата и ми текна дека го немам пуштено рецептот. Ќе се најде за в година.
Грозјето исчистете го од дршките, измиете ги зрната и наполнете ја теглата. Внимавајте зрната да се убави, здрави. Меѓу нив ставајте и од лутите пиперчиња.
Останатите состојки ставете ги да зовријат. Изладете ја течноста и турете ја во теглата со зрната грозје.
За да биде готово за јадење, ќе треба да поминат две до три недели.
Вкусот е интересен, зрната малку налутнуваат, а кој јаде луто може да се послужи и од пиперчињата. На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови