Морам да кажам дека омилениот дел од хроново ми е тоа што секојдневно ме инспирира да измислам нешто ново што ќе се јаде, особено кога се во прашање пецивата за појадок.
На денешното мени ми беа овие превкусни грисини. Се надевам ќе ви се допаднат!
1. Брашното, солта и пецивото се мешаат убаво, па им се додава киселото млеко.
2. Се замесува тврдо тесто, се дели на 10 дела од кои што се формираат грисините.
3. Во подлабока чинија на страна се мешаат останатите состојки кои служат за валкање на грисините.
4. Готовите грисини се редат во плех обложен со пек хартија и се печат во претходно загреана рерна на 200 степени, 30 – 40 минути.
5. Добро стврднати, грисините се вадат од рерна, се оставаат малку да се изладат, па се послужуваат. Однадвор се тврди, но внатре се меки и навистина доста заситуваат.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови