1. Семињата сомелете ги во Нутрибулет, да се иситнат до брашнеста структура.
2. Потоа измешајте ги со брашната во длабок сад.
3. Додадете ја солта и свинската маст, а потоа газираната вода.
4. Измешајте со лажица.
5. Полека почнете да ја додавате топлата вода, замесувајќи тесто.
6. Мене ми беше доволна една чаша, но некому можеби ќе му треба повеќе, во зависност од брашното.
7. Готовото тесто (јас го поделив на 15) се дели на топчиња со сакана големина кои што се формираат како стапчиња.
8. Во чинија на страна ставете семиња по желба и во нив валкајте ги готовите грисини.
9. Наредете ги во плех, по желба ставете им неколку парченца путер/свинска маст, ставете ги во загреана рерна и печете ги 25 минути на 200 степени, и уште 10 минути на 150 степени.
10. Кога ќе видите дека семчињата порумениле, а грисините испукале тогаш се печени.
11. Оставете да се изладат покриени со крпа, и – на здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови