Мерките на зеленчукот во рецептов се од веќе исчистен, излупен зеленчук.
Младиот кромид се сечка на прстени, пиперките се сечат по должина на четвртинки, па потоа на лентички, црниот патлиџан се сечка на коцки. Лукот исечкајте го ситно.
Во длабоко тенџере ставете го зеленчукот, лукот, рузмаринот. Одозгора ставете го шеќерот, налејте со оцетот и виното, додадете ги пасираните домати. Насолете и набиберете и убаво измешајте ги сите состојки.
Ставете да се вари на највисока температура. Откако ќе зоврие намалете малку темепратурата (кај мене на 7 од 9) и варете со повремено промешување 30-35 минути. 10 минути пред крајот додадете го ситно сечканиот магдонос.
Врело ставајте во претходно стерилизирани тегли, затворете со капаците и превртете ги теглите наопаку. Оставете ги така да стојат додека да се изладат.

Овој сос одлично оди како прилог кон скара или морски плодови.

Напомена
Доколку не го сакате рузмаринот, можете да го замените со мајчина душица.
Од овие состојки ќе имате да наполните две големи тегли.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани