1. Се топи шеќерот до карамел и во него се додаваат јатки ореви и се вади од огнот. Се остава да се лади.
2. Млекото се вари со шеќерот додека половина не испари.
3. Додека се вари млекото се крши чоколадото, оревите и бисквитите ситно, а може дел или сите да се измелат.
4. Кога млекото е околу 250 мл, се додава путерот и чоколадото, се размешува и штом се растопи путерот се додаваат и бисквитите и оревите. Смесата треба да биде густа како за правење бомбици, во случај да е преретка може да се додадат уште бисквити или мелени ореви. Се остава да се излади.
5. На изладената смеса се додава грилијажот (искршена смесата од точка 1.)
6. Бомбиците се оформуваат и се валкаат во искршените кикирики, а може и во какао, малку цимет да им се нароси и сл.. Дава убава арома.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови