Кромидот и морковот се сечкаат на ситно на коцки и се пропржуваат во малку масло и две ракиени чашки вода.
Потоа се додава печеницата исто сецкана на коцки и грашокот. Наместо печеница, можи да користите било кое сушено месо или пак сланина (што имате и милувате).
Посолете и зачинете, па додадете една чаша вода. Печете на 200С околу 20на мин., па извадете ја тавата и прелијте ја со разматените јајца со млеко. Вратете уште максимум 15на мин. да се запечи, па навалете.
Можи да го јадите како главно јадење со некоја салата или пак како додаток со печено месо.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани