Прекрасна декорација од зеленчук, погодна за сервирање за забави, родендени, предјадење.....
Совет - пред да ги послужите пожелно е тогаш да ги наредите едно врз друго, бидејќи ќе добие сирењето убаво нежна бордо боја, (и така е симпатично) ако се наредат порано и стојат во фрижидер.
Прво главиците цвекло ги лупиме и ги ставаме да се варат во малку посолена вода.
Нека се варат 7-9 минути.
Нивната дебелина одредете ја сами.
Кај мене беа со дебелина од 4-5 мм.
Го оставаме процеденото цвекло убаво да се олади.
Потоа со нож или со помош на декоративна алатка сечиме коцки.
Со нож или алатка, само повнимателно, бидејќи фетата е нежно сирење со иста димензија сечиме и од сирењето.
Редиме ред цвекло, ред фета сирење.
Во еден сад го соединуваме сецканиот власец, маслиновото масло, бел бибер, сол и ги прелеваме коцките.
Послужуваме со добар аперитив.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани