Вкусен ручек со пилешко, лесен и едноставен за подготовка.
1. Спанаќот измијте го и исечкајте го на помали парчиња.
2. Ставете го во тава за пржење, посолете и додадете го маслото.
3. Пржете го додека не омекне.
4. Тогаш тргнете го од оган и додадете ја павлаката. Промешајте.
5. Рерната загрејте ја на 250 степени.
6. Пилешкото измијте го и исечкајте го на мали парчиња. Ако има кожа отстранете ја.
7. Додајте го во тавата со спанаќот и павлаката и вратете на оган.
8. Промешајте, додајте кари и црн пипер, пак промешајте и оставете да се крчка на тивка температура околу 20 минути, додека не забележите дека месото е потпржено (бело).
9. Тргнете ја тавата на страна, додадете ги печурките и убаво промешајте.
10. Јајцата изматете ги убаво со жица за матење или вилушка.
11. Додадете го јогуртот, млекото и газираната вода. Пак проматете со жицата, да се изедначат состојките.
12. Во тава за печење, ставете половина од смесата со јајца. Потоа додадете го месото со спанаќ и печурки, и прелијте со втората половина.
13. Печете бавно на 150 степени околу час и половина. Јас печев во шпорет на дрва, па затоа ми одзеде повеќе време. Ако печете во рерна од електричен шпорет на 150 степени, ќе ви одземе 45 до 50 минути. Во секој случај треба да се пече на ниска темепература, полека. Кога е печено, месото ќе биде поруменето и ќе има жолта коричка на површината.
14. По желба, 5 минути пред да го извадите од рерна, изрендајте врз јадењето малку сирење или кашкавал, убав вкус даваат.
Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови