Тестенината ја вариме според упатството на пакувањето.
За тоа време го подготвуваме сосот.
На загреано масло ја ставаме исецканата шунка, 1 минута да се запржи, па ја налеваме павлаката за готвење, киселата павлака, крем сирењето и доматното пире. Зачинуваме и оставаме на кратко да се соедини на оган. Ги додаваме и капарите.
Тестенината ја процедуваме, ја прелеваме со сосот, промешуваме и ја ставаме во мал огноотпорен сад.
Одозгора редиме моцарела и запекуваме во релна 15 минути.
Послужуваме топло.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани