Рецепт и воедно одлична идеја за подарок.
Стаклениот сад во кој ќе ја складирате мешавината, стерилизирајте го исто како за зимница кога правите.
Брашното измешајте го со солта и пецивото. Сите состојки за мешавината ставајте ги во стаклениот сад со помош на инка со широк отвор по редослед како горе во рецептот. На крај убаво затворете со капаче и нека ви стојат спремни за кога ќе ви треба набрзина да подготвите десерт. Додатоците кон мешавината и начинот на подготовка запишете ги на етикета која ќе ја прикачите на садот.
Начина на подготовка
За подготовка на браунисот треба само да ги изматите пенасто јајцата со путерот, да ја додадете готовата мешавина и млекото. Се добива густа смеса. Ставете во подмачкана тава (кај мене малата ростер тава) и печете на 175 степени во веке загреана рерна околу 25-30 мин во зависност од рерната.

Мешавинава има рок на траење од 3 месеци. Доколку ставате само суви состојки како брашно, шеќер, какао, тогаш рокот на траење е 8 месеци. Јаткастите плодови и сувото овошје го намалуваат рокот на траење.

„Спакувајте“ и складирајте ги вака состојките за вашите омилени колачи, мафини или леб и имајте секогаш спремни за брза подготовка. Убава идеја е и како за подарок - убаво запакувано мислам дека секоја домаќинка би се израдувала, секако не заборавајте да го прикачите начинот на подготовка ))

Ете, ова е мојата годинешна зимница ))))

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани