- Исчистете го морковот и исечете на тенки ленти, додадете водата, солта, биберот и кората од портокал и измешајте.
- Во тавка ставете да се стопи путерот, додадете го шеќерот и нека се крчка на оган се додека се стопи шеќерот. Откако се стопил шеќерот веднаш додадете го морковот, поклопете со капак и оставете да се крчка на тивко околу 10 мин. Потоа ќе го тргнете капакот, нека вари се додека испари целата течност.
- Преместете на тањир, посипете со сецканите магдонос и ореви.
Вака глазираните моркови можат да бидат додаток кон главно јадење (месо ) а може да се послужи и како салата.
Нека ви е слатко!
Напомена
- Лентите, доколку немате специјална алатка за нив, сечете со алатката за лупење.
- Кој не го сакате путерот, заменете со маргарин или масло.
Чашата е од 250 мл.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани