Фантастични тортиљи за гиро, за суфлаки, за сендвичи
Воодушевени од нивната мекост и крцкавост каде се потпечени.
Пробајте ги

Ставете ги во вангличка квасецот, шеќерот и млаката вода
Нека стои 10 минути, па замесете тесто средно меко.
Нека стои во садот околу 30 минути.
Потоа тестото се дели на 18-20 топчиња.
Секое се расукува во мала коричка. Се редат на чисти крпи.
Потоа едно по едно се печат на НЕ НАМРСЕНА тава.
Доволно им е по 1-2 минути од едната и другата страна.
Едноставно мислите ќе излетаат од убавина.

Останаа 2-3 и уште се мекички.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани