1. Најпрвин се подготвува филот од кромид. Исечканиот кромид малку се посолува, се става 1 филџан вода и се пржи додека да испари сета вода и да застакли. На крај се става црвениот пипер кој се пржи 1 до 2 минути и се трга настрана да се излади.
2. Во подлабок сад се става водата, маслото, солта, шеќерот, се дроби квасецот, се меша сето и постепено се додава просеано брашно се додека не се добие меко нелепливо тесто. Се остава да кисни 10 минути.
3. Потоа тестото се размесува и се дели на 5 дела. Се зема 1 дел, се рассукува во округла кора, се премачкува со стопениот маргарин, се става 1/5 од филот со кромид, се витка во ролатче, а потоа виткајќи го како полжав се става на средина во намастено округло тавче бр. 32.
4. На ист начин се обработуваат и останатите 4 парчиња тесто и се виткаат во продолжение на полжавчето во круг. Вртениот зелник одозгора се премачкува со масло и се сече на 8 дела.
5. Рерната се пушта да се загрее на 200 степени, а за тоа време зелникот кисни. Се пече првин 20 минути и уште 10-15 минути на 180 степени.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани