Од мене еве уште еден рецепт за прекрасно месено вртено, вкусно и меко тесто.

1. Во подлабок сад во кој ќе се меси се ставаат јајцата, солта и шеќерот, се мати со жица.
2. Се додава млекото, маслото и здробен свежиот квасец, пак се меша со жицата.
3. Потоа постепено се додава просеаното брашно, се меси додека да се добие средно меко но нелепливо тесто. Зависно од брашното, влегува околу 600 гр. или уште малку повеќе.
4. Тестото веднаш се дели на 6 топчиња, секое топче се рассукува во округла коричка, се премачкува со путер, се ренда сирење и се реди една коричка врз друга. На последната не се става ништо.
5. Купчето од корички со рака првин се расплескува, а потоа со оклагија се рассукува во една кора. Се сечат 6-7 ленти, се вртат како спирали и се преместуваат во намрсена тава бр. 32.
6. Се премачкува со жолчка, се наросува со сусам, се пушта рерната да се загрее на 200 степени, а вртеното за тоа време кисне.
7. Се печи околу 20 минути и уште 10-тина минути на 180 степени.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани