Квасецот растворете го со малку од мешавината на загреано млеко и вода, шеќерот и малку од брашното.
Оставете го да стаса.

Во сад ставете го брашното, додајте го стасанот квасец, маслото и солта.
Со постепено додавање на мешавината од млеко и вода замесете средно меко тесто.
Оставете го тестото да стаса.

Откако ќе стаса поделете го на 2 дела.
Првиот дел расукајте го во округла кора.
Нанесете ја кората во плехот во кој ќе печете, обложен со хартија.
Премачкајте ја кората со омекнатиот путер и нанесете ја рикотата(или урдата).

Расукајте го и вториот дел од тестото и поклопете врз премачканата кора.

Со округол калап или чаша благо претиснете на средината од корите.
Потоа исечете на 16 парчиња(како на сликата).

Земете едно парче и ставете го врз парчето што е до него.
Повторете ја постапката со сите парчиња.

Почнете со виткање така што ќе земете едно од веќе дуплите парчиња и виткајте го спирално, а потоа свиткајте го во полжав и ставете го врз средишниот дел кој не е расечен.

Земете друго парче и свиткајте го на ист начин и ставете го до веќе свитканото прво парче.
Повторете го виткањето со сите делови.

Оставете ја погачата да стасува 40 минути.
Пред печење премачкајте ја со разматена жолчка во која ќе измешате 2 лажици млеко и 1-2 лажици растопен путер.

Парчето на средина посипете го со сусам или други семиња.
Може по желба и целата погача да ја посипете со семиња по избор.

Печете во загреана рерна на 200 степени, додека убаво зарумени(некаде околу 30 минути, зависно од рерната).

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани