Квасецот се раствора со малку од топлата вода и 1 лажица шеќер.
- Брашното истурете го во садот во кој ќе месите, додадете ја солта, остатокот од шеќерот и направете во средината отвор. Додадете го во него веќе растворениот квасец, остатокот од водата, млекото, зејтинот и замесите да добиете меко тесто.
Покријте го готовото тесто и оставете го да стаса.
Јајцата и сирењето се мешаат убаво.
Од стасаното тесто развлечете кора со дебелина од 1 см, премачкајте ја со маргарин, а потоа премачкајте ја со смесата од јајца и сирење и исечете ја на ленти со широчина од 2 см.
Секоја лента малку завиткајте ја и редете во подмачкан плех една до друга лента и оставете пак да нарасне, посипете ја со сусам и печете на 200 степени додека порумени.
На здравје !!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови