Најпрво го зафаќаме квесецот и го оставаме да надојди.
Во длабок сад ги ставаме сувите состојки и кога ќе надојди квасецот го додаваме и него. Го истураме маслото, газираната вода и топлата млеко и прво мешаме со лажица и потоа убаво месиме со раце.
Тестото треба да биди меко. Го покриваме со крпа да надојди.
Откако ќе надојди тестото пак го размесуваме и го делиме на два дела.
Секој дел го расукуваме во кора и го премачкуваме со маргарин.
Врз едната кора го наросуваме сирењето и врз неа ја ставаме другата кора и ја притискаме со сукало за убаво да се спојат двете кори.
Во средината на корите ставаме една шоља за точно да ја обележиме средината.
Сечиме ленти како што се гледа од дополнителните фотографии и секоја лента ја ставаме врз соседната лента ги вртиме и потоа обликуваме полукруг.
Првите вртени ленти ги ставаме во средината каде што беше шољата.
Погачата пак ја оставаме да надојди околу 40 минути,ја премачкуваме со јајцето и сусам и ставаме парченца маргарин.
Печиме на 190 степени околу 15 минути и потоа намалуваме на 175 степени и ја допекуваме погачата.
Кога ќе се допечи ја покриваме со крпа за да биди мека, а ако сакате покрцкава коричка не ја покривајте.
На здравје!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови