1. Од сите состојки замесуваме тесто и оставаме да нарасне.
2. Од тестото сучиме правоаголна кора која ја премачкуваме со четче со маргарин. Кората ја делиме надолжно на половина. На едната половина рендаме сирење. Кората на која има сирење ја преклопуваме со другата која е празна. Притискаме со рака да се спојат двата дела.
3. Тестото го делиме на 5 надолжни ленти. Земаме една лента ја виткаме како спирала и лесно растегнуваме, а потоа ја вртиме во круг и ја ставаме во центарот на караванче бр.30 кое е премачкано со масло. И останатите ленти ги виткаме во вид на спирала и ги ставаме околу тестото кое го ставивме во центарот.
4. Погачата ја премачкуваме со разматено јајце, наросуваме сусам. Печиме во загреана рерна на 180 степени.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани