1. Состојките за подлога се мешаат убаво и се натапкуваат во калап бр. 26.
2. Шлаг кремот се мати со млекото, да стане цврст, се додаваат малините, се промешува со лажица и целата смеса се нанесува врз смесата во калапот.
3. Слатката павлака се мати до цврста и се нанесува врз шлаг кремот.
4. По желба се капнуваат неколку капки овошен прелив или сируп и со чепкалка се прават шари.
5. Тортата се остава во фрижидер неколку часа, се сече и се послужува.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови