Кога немаш идеја, ќе ја отвориш книгата што тежи повеќе од двете деца заедно и таа ќе ти каже што да приготвиш.

Едноставни состојки, преубава комбинација, лесен за подготовка.
Направив мали прилагодувања, но не сметам дека влијаеа на конечниот вкус многу. Ја изоставив само белката од јајце бидејки печев во силиконско калапче и доколку ја превртев, белката ќе беше на долната страна на колачето. Ништо страшно. Едвај спасив четвртина да не го смуфтаат за да сликам.

Ставете ја водата во сад да зоврие. Додадете го оризот и намалете ја температурата, нека се вари на тивко. Кога ќе е сварен оризот, оставете го да се олади.

За тоа време пригответе го течниот дел.
Во сад на оган ставете ги путерот и шеќерот. Нека се растопи шеќерот убаво, а потоа додадете ги лажиците вода. Убаво измешајте и додедете го сокот од портокал, сокот од лимон и румот.

Течниот дел додадете го во садот со ориз и убаво промешајте да се изедначи.

Во садот во кој што ќе печете (димензии од прилика мала ростер тава) ставете половина од смесата. Нарендајте го чоколадото, потоа додадете ја другата половина од смесата.
Печете 15ина мин на 150-180 степени, да се подисуши колачот, не треба да се пече.

Во оргиналниот рецепт пишуваше: нарендајте чоколадо со дебелина од еден прст. Што да ви кажам, мака мачам со мерките од куварот. Затоа и толку долго, можеби 5 години, стоеше и прашина фаќаше :D

Јас нарендав 100 гр, но не беше еден прст, а испадна како на фотографијата. Затоа во рецептот пишав 200 грама. Колачот не е многу благ, може да истрпи 200 грама чоколадо. Користев млечно чоколадо.
Во оргиналниот рецепт, колачот се премачкува со цврсто изматена белка и така се става да се пече додека белката не зарумени. Јас тој чекор го прескокнав, но и вака испадна супер вкусно.
Не ги прескокнувајте соковите од лимон и портокал, даваат посебни ароми на целото благо.

Уживајте!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани