Најнапред се вари оризот, се цеди, се плакни со ладна вода и повторно убаво се цеди.
Шунката и краставичките се сецкаат на ситни коцки.
Јајцата се рендаат.
Во подлабок сад се става оризот, шунката, краставичките, јајцата, киселата павлака и мајонезот.
Убаво мешаме со лажица, соединуваме. Додаваме малку сол и мелен црн пипер, промешуваме.
Ја ставаме готовата салата во кутија со капак и нека одлежи најмалку 2 часа во фрижидер, за да се спојат вкусовите.
Потоа сервирајте...Украсете по желба.
На здравје :)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани