Ова е витаминска бомба смути, пребогато со витамин Ц и антиоксиданси, напиток кој е одличен за овие студени денови кога ни треба зајакнување на имунитетот.

- Зелениот чај се вари по упатството и се лади убаво.
- Кивите се лупат и сечкаат на кришки.
- Лимонот се лупи и сечка.
- Сите состојки се ставаат во блендер, се додава медот и се блендира.
Ова смути има доста кисел вкус, впрочем тоа е витаминот Ц, а кој си сака може да не става мед или друг засладувач, така ќе биде уште подобро.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани