Торта со која верувам ќе ги израдувате вашите мали принцези.
Торта со која ја доловив најубавата насмевка на мојата помала ќерка.
Уживав во нејзината подготовка, а таа радост ќе ја споделам овде со вас....
Ја спремаме смесата за палачинки на тој начин што помешуваме млекото со јајцата и брашното.
Разделуваме во иста количина во посебни садови и додаваме боја по вкус.
Во некој од садовиве додаваме сува брусница, во некој додаваме мелени лешници, мелени бадеми.
На тавата за палачинки ги печеме подебели палачинки.
Откако завршивме со сите, го спремаме филот.
Млекото се загрева со шеќерот и белото чоколадо.
Се додава разматениот густин и се меша додека не се добие густина.
Откако е ладно, се помешува со претходно разматен путер. Вака добиениот фил го редиме во калап.
Ред палачинка ред фил.
Премачкуваме крајно, комплетно.
Тортата оди воладилник.
Откако е доволно стегната, се вади и се полева со глазура од бело чоколадо.
Се декорира со шарени топчиња со весели бои.
Јас по сопствен вкус додадов јуникорн коњчиња.
Оставете да се стегне глазурата и служете.
Јас си го развеселив домот и моите најмили со оваа весела тортичка, пробајте и вие па известете со слика.

На здравје

Забелешка

За шарени палачинки користев прахрамбена боја или на природен начин да ја добиете посакуваната боја, со додавање на морков за портокалова, магдонос за зелена и слично.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови