Еве една интересна идеја. за едноставен, но декоративен ручек.

Доколку наместо тиквичка употребите морков, ќе добиете баш право виножито од вкусови. Во моментот немав, па затоа употребив тиквичка и повеќе преовладува жолтата боја,

Најпрво стекот се сецка на коцки, се посолува, се става сенф, маслиново масло и други зачини, и се остава да постои.
За тоа време се спрема зеленчукот. Брокулата се сецка на ситни цветови, а другиот зеленчук на коцки, шери доматите на половинки.

Се реди месото на едниот крај од тавата, и до него зеленчукот по следниот редослед- брокула, кромид (црвен заради бојата), шери доматите, тиквичка/морков, компир. Ставете сол, зачини, маслиново масло, и пола филџанче вода, колку да го покрие дното.

Се печи во рерна 15-тина мунути со покриен капак, или затворено со фолија, на 180 степени, па уште 15-20 минути откриено.

На здравје нека Ви е!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови