Ова прекрасно Виетнамнсо јадење, прв пат го пробав пред 3-4 год. на свечен ручек за Нова година. Многу ми се допадна, па затоа и го побарав рецептот од домаќинката и побарав да ми објасни како се подготвува. Натпреваров за азиска храна ме потсети да го подговам повторно ова прекрасно јадење и да го споделам со вас.

1. Загрејте го маслото во вок тава или во длабока тава за пржење, на средна топлина и пржете го кромидот и лукот околу 2-3 минути, додека не омекне.
2. Додајте го јагнешкото и убаво измешајте. Пропржете околу 1-2 минути.
3. Потоа додајте чили, соја сос, доматен кечап, семе од сусам, ѓумбир и мед. Промешајте и гответе се додека јагнето не е целосно зготвено, а потоа по вкус додајте со сол и црн пипер. На крај од готвењето пропрскајте со неколку капки сусамово масло.
4. Тајлатскиот ориз подгответе го според постапката опишана за ориз на азиски начин- основен рецепт, што го имам објавено.
5. Се послужува со коријандер и половина лимон, кој се цеди врз месото, пред јадење.

*Карамелизираново слатко-кисело јагнешко за време на Виетнамскиот Новогодишен ручек, беше послужено во многу интересен сад, специјално наменет за карамелизирани меса, кој во долнит дел имаше простор за да се постават свеќички мали кои ќе го топлат постојано месото, а месото и сосот беа поставени во горниот дел од садот. Па така, ручекот постојано беше убаво затоплен, а сосот превкусен.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови