Подгответе нешто ново и интересно можеби и ќе ви се допадне.
Компирот се лупи и се става да се свари убаво.Одкако ќе се свари убаво се пасира.
Белките од јајцата се матат во цврст снег, а жолчките се матат со маргаринот и павлаката. На крај се соединуваат и се мешаат со компирот. Од компирот се става по рабовите на калапот и се формира венец а средината останува празна и се полни со сосот.
Кромидот се сецка ситно и се пржи. Кон испржениот кромид се додава месото и убаво се пржи 10 минути. Се додаваат пелатите или сосот и зачините и се вари околу 5 минути.
Сосот се истура во средината на венецот и одозгора се рендаат сирењата.Обично кашкавалот оди врз сосот а сирењето врз компирот. Се пече околу 30 минути на 200 степени. Се служи со сезонска салата.
Калапот во кој ќе се пече венецот најдобро е да биде округли или елипсовиден.Полнењето може да биде различо-пржено месо,риба,џигер...

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани