Една лесна и фина идеја за декорирање на велигденските јајца во омилениот лик на дечињата.

Сварените јајца избојте ги со зелената боја. Откако ќе се исушат на горната половина се лепи од траката во боја, а на неа се лепат очите. Со маркерот се црта устата.

Како самолеплива трака можи да послужи и изолир во боја или пак некоја платнена во боја која се продава во книжарите.
Доколку немате перли-очи, тогаш, ако дозволува траката која ќе ја користите, употребете бел коректор и потоа со маркерот исцртајте ги зениците на очите.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови