Прво јајцата ги вариме и оставме да се оладат.
Во друг сад ги вариме машничките со многу малку сол.
На дното на тајнир каде ќе ја сервираме салатата ги дробиме листовите марула.
Во еден сад ги соединуваме состојките за дресинг.
Таму го додаваме сецканиот магдонос и лутата пиперка.
Соединуваме.
Ги додаваме исцедените машнички, па коцките сирење и едно исецкано јајце.
Промешуваме и сето ова го нанесуваме врз зелената салата.
По краевите на тајнирот ставме кругчиња свежа краставица, па ротквици, четвртинки јајце.
Нежно посипуваме црн пипер.
Сервираме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани