Оваа година еве традиционална плетенка, но овој пат со прекрасна нежна портокалова боја и со прекрасна арома, бидејќи користев ароматичен шеќер од портокал. Многу е вкусна и мека.
Во топлото млеко ја ставаме половина количина на шеќер, го додаваме квасецот, едно лажиче брашно и промешуваме.
Оставаме да се активира.
Во еден сад благо со вилушка ги соединуваме целото јајце и жолчката.
Ги соединуваме во вангличка втасаниот квасец, јајцата, останатиот шеќер, растопениот путер, ароматичниот шеќер од портокал и махлебот.
Убаво соединуваме и постепено го додаваме брашното.
Замесуваме да биде средно меко.
Го покриваме тестото и го оставаме да се дуплира.
Потоа без размесување го делиме на 4 дела.
На работната маса ја ставаме брусницата и нежно ја залепуваме на лентите тесто.
Правиме плетенка, како на сликата со 4 ленти.
Ја ставаме во калап за леб, во кој претходно сме ставиле хартија за печење.
Ја премачкуваме со изматена белка, кисни околу 20-25 минути.
Потоа ја печиме во загреана рерна на 180-200 с околу 30 минути.
Ја вадиме на решетка да се излади, па ја сечиме на парчиња.
Послужуваме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани