Превкусни безмасни плескавици кој одлично одат во комбинација со кисело млеко или јогурт.

- Просото се вари, кога е готово и кога цела вода ќе испари се додава кашкавалот да се стопи.
- Смесата се лади, потоа се додава јајцето, урдата, брашното, сенфот и зачините. Се се соединува во еднолична смеса.
- Плескавиците се формираат со водени раце и директно се печат во тава на малку масло или путер.
- Јас ја користев тавата на Делимано и ми требаше минимално количиство на путер.

Напомена
Препорачувам просото пред да се свари да се натопи во вода 1 час и добро да се исплакни, со цел да се отстрани фитинската киселина која ја содржи и која што дава горчлив вкус на просото.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови