Кога ќе немате подготвено хроно леб, вафлите се одлична замена. Јас ги подготвувам наутро пред да излезам на работа, што значи брзо се прават...

Подготовка
1. Апаратот за вафли го вклучуваме, а лукчето ситно го сечкаме.
2. Сувите состојки ги промешуваме и во нив ги ставаме маслиновото масло, киселата вода и лукчето. Мешаме додека да се поврзат. Во загреаниот апарат ја ставаме смесата и чекаме да се испече.
3. За намазот го сечеме авокадото на половина ја отстрануваме семката и го лупиме или пак со лажичка му ја вадиме срцевината. Ако е таман меко значи спремно за употреба, многу лесно се лупи. Го гмечиме со вилушка.
4. Лукчето го толчиме со сол, лимонот го цедиме и сокот го додаваме кон авокадото. Зачините и маслиновото масло исто ги додаваме. Промешуваме и соединуваме.
Инаку целата смеса може да се стави во блендер и да се измазни.

Забелешка
Пред да го вклучам апаратот секој пат го премачкувам со масло со помош на силиконска четка. Од оваа доза мене ми излезе една подебелка вафла која што ми е доволна за појадок.
Сите состојки што се стават во намазот се по вкус. Затоа направете си ги по ваш ќеиф.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани