Ова е класичен појадок во Кина. Насекаде по улиците може да се видат вакви јајца. Се викаат чајни, или мермерни јајца, бидејќи потсетуваат на шарен мермер. Решив да ги пробам и дома.
Јајцата се варат во обична вода околу десет мин. Се вадат и со задниот дел од лажицата се кршат за да може да примаат од чајот и зачините. Потоа се додаваат состојките за маринадата од чај и зачини. Сите зачини се промешуваат убаво и оставаат да крчкаат на слабо околу 1 час. Потао може да стојат уште еден до два часа.

Многу убава арома има сите зачини.
Со ружичките на пареа се одличен појадок.

На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани