Вкусно тортиче, ароматично, брзо и најважно – вкусно. Нам многу ни се допадна, се надевам ќе ви се допадне и вам.
1. Почнете да ги матите белките, кога ќе почнат да се зацврстуваат додадете го шеќерот и ванилата. Матете додека да добиете цврст снег од белки.
2. Брашното, пецивото и афионот измешајте ги во сад на страна, а потоа додадете ги во смесата од белки. Ова се прави за да не пропаднат зрнцата афион на дното од кората/тавата за печење.
3. Додадете го и кокосот и со најниска брзина на миксерот убаво проматете ја целокупната смеса.
4. Тавата за печење (изберете ја според тоа дали сакате кората да ви биде потенка или подебела, може да се пече и во плех) намастете ја и набрашнете ја или обложете ја со пек хартија и внатре исутрете ја смесата од белки.
5. Кората треба да се пече во загреана рерна, на 180 степени, околу 10 минути. Внимавајте на печењето во зависност од јачината на вашата рерна.
6. 500 мл. од млекото за крем измешајте го со 10 лажици шеќер и една ванила и ставете го во сад на тивок оган да зоврие.
7. Жолчките, 5 лажици шеќер, 1 ванила, 100 мл. млеко, пудингот и густинот изблендирајте ги или изматете ги со миксер. Важно е да нема грутчиња.
8. Кога млекото ќе почне да врие, додадете ја смесата од жолчки и мешајте додека не добиете густ пудинг.
9. Тргенете го на страна и оставете го половина час да се излади, потоа додадете му го омекнатиот маргарин и изматете со миксер.
10. Печената и изладена кора избоцкајте ја со чепкалка и врз неа премачкајте го целиот крем.
11. Декорирајте по желба. Јас употребив 2 кесички шлаг пена изматена со 200 мл. млеко и наросив малку афион.
12. Оставете тортата да се стегне малку па послужете.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови