Мммм перфектни,комплименти -)) таква беше реакцијата на моите деца од првиот залак. Да си ги пробате, се надеваме и вас ќе ви се допаднат.

Подготовка
Во калапот за мафини ставете хартиени кошнички.
Брашното измешајте го со пецивото, содата и просејте ги низ сито.
Рерната вклучете ја да се загрева на 180 степени.
Путерот пенесто изматете го со шеќерот и ванила шеќерот. Потоа додавајте ги јајцата едно по едно, така што при секое додавање убаво изматете го да се соедини со смесата. Потоа додајте го млекото и брашното со пецивото и содата.
Изматете да се соедини смесата. Исклучете го миксерот и додајте 80 гр од чоколадните капки а 20 гр оставете ги за одозгора на мафините и екстрактот од ванила. Убаво измешајте со шпатула.
Наполнете ги корпињата а одозгора ставете по неколку од оставените чоколадни капки. Ставете ги да се печат околу 20-25 мин.
Оваа смеса е за 12 мафини.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани