Последните рецпети некако се посветени за Валентајн... Валентини Валентањски медењаци... што убаво звучи. Валентини...токму затоа што таа ме научи како да ги правам, а сосема погоден моментот поставувајки го овде и да и се заблагодарам... во неа има доволно љубов, многупати помислувам дека само да може- целиот свет ке биде во нејзините прегратки, големо е нејзиното срце... Еве како Валентина Крстевска ме научи да ги спремам, а притоа да уживам....

1. Медот и путерот стопете ги, тргнете нека малку олади.

2. Јајцата со прав шеќерот, зачинот, сода бикарбоната и водата сматете ги со миксер, додадете го медот и путерот, измешајте, додадете брашното. Измесете го тестото, ставете го најлон кеса или завиткајте во стреч фолија, оставете во фрижидер да одстои до наредниот ден.
(Ова тесто може да се спрема и 2-3 дена порано)
- Доколку сакате да тестото ви биде кафено, тогаш додадете плус уште 2 лажици вода и 20 гр. какао

3. Наредниот ден извадете го тестото и на лесно (малку) побрашнета работна површина измесете го тестото, да не остане брашно по него, ставете го меѓу два листа хартија за печење и расукајте го во дебелина од 3-5 мм. Со модла вадете ги формите. Ставете да се печат на 200 степени 10 минути, никако повеќе да не ви изгорат.

СМЕСА ЗА ШАРАЊЕ
1. Шеќерот во прав два пати го пресејте со ситно сито.
2. Со миксер матете ги белките околу 30-40 сек. по што полека ќе го додавате шеќерот и оцетот. Кога ќе ја добиете саканата и потребна густина, во најлон кеса ставете една лажица, нека биде во ќошот од кесата, со игла пробушете, понатаму шарајте и вашата фантазија одсликајте ја на медењаците....

ГЛАЗУРА ЗА ПРЕЛЕВАЊЕ
1. На пареа матете ги белките, додајте го шеќерниот сируп и матете. Кога е доволно густо тргнете, прелејте ги медењаците и оставете на рештка да се сушат во млака рерна.

Совет
- Тестото е доста тврдо, јас го сукам со сукало во кое може да ставам топла вода, сосема одлично се сука, поради што иако не сум пробала, предпоставувам дека доколку ви преставува тешкотија за сукање, предходно малку загрејте го во микровална.
- Густината на смесата за шарање лесно ќе ја проверите дали е доволна доколку со чачкалица брцнете во смесата, нашарајте на раката и ако не се разлева или скрши..глазурата е добра.
- Шеќерниот сируп е напишан во голема количина, можете да ја спремите во преполовени дози или да остатокот го соберете во тегличка или флаша мала, се користи за натопување на разни колачи, сорбет, боли, за сладоледи, овошни салати и сл. , а можете да ги ароматизирани додавајки му ликер по ваш избор.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови