Прекрасен брз чаен колач, фин и ронлив, се топи во уста!
Ако не сте го пробале, побрзајте, навистина вреди!
1. Маргаринот (или путер) треба да е добро омекнат на собна температура. Исто и јајцето, не треба да е ладно.
2. Се ставаат во вангла, се додава ванила, шеќер и кисело млеко и се мати убаво со миксер, да се добие мазна еднаква смеса.
3. Потоа се додава брашното измешано со пецивото, чаша по чаша.
4. Се додава и гризот и се замесува мазно тесто.
5. Ако и понатаму имате лепливо тесто, додадете уште малку брашно.
6. Готовото тесто поделете го на два дела.
7. Едниот дел наплескајте го во тава за печење бр. 36, која е препорачливо претходно да е премачкана со сосема малку маргарин.
8. Вториот дел од тестото ставете го 10 минути во фрижидер.
9. Тогаш вклучете ја рерната на 200 – 250 степени за да се загрее.
10. Врз тестото во тавата премачкајте го мармаладот.
11. Потоа изрендајте го тестото кое досега беше во фрижидер.
12. Изренданото тесто убаво распоредете го врз мармаладот, да не останат празнини и истиот да не се гледа.
13. Нежно измазнете со рака и ставете го колачот да се пече на 180 степени, 20 – 25 минути.
14. Печен е кога ќе добие златно кафеава боја и кога ќе почне малку да се одделува од тавата.
15. Извадете го од рерна, оставете добро да се излади.
16. Потоа наросете со шеќер во прав и послужете со кафе или чај.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови