Се мери со иста чаша/филџан за пандишпанот. Кората е многу мека, кревка поради тоа тешко се сечи, затоа можете смесата да ја поделите во 2 плехчиња, па така ќе печете две кори и нема да сечите.

1. Пандишпан
- Сите состојки се миксираат со миксер и се става смесата да се пече на 250 степена 30 минути. Плек бр. 40
Се вади од рерна и се сече пандишпанот на пола по должина.

2. Кафеав фил
- Во сад се ставаат шеќерот во прав, чоколадото за готвење, маргаринот да се стопат. Се трга на страна од оганот и се додаваат јајцата и нив ги матиме.

3. Бел фил
- Се става млекото да се загрее со 15 лажици шеќер, потоа се додава пудингот (прашокот за пудинг се меша со малку вода да стане како јогурт). Откако ќе се свари пудингот се додаваат карамелите и коцката маргарин и се миксираат. Се остава да олади.

4. Се става кора (пандишпан), бел фил врз него се редат бананите, повторно се става бел фил.

5. Потоа се става пандишпан, врз него се става кафеав фил, додека врз филот се ставаат ресаните пак кафеав фил. Јас ставив сечкани урми и ореви, но тоа е незадолжително.

6. Се става повторно од белиот фил.

Јас ставив шлаг пена, можете да ставете слатка павлака.

7. Се декорира по ваша желба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови