1. Компирот се лупи, ако е голем се сечи на половина и од него со ноже за лупење се сечат лентички.
- Листовите компир се редат во лента така да се застапуваат еден со друг и се витка во ,,ролат,,.
- Така подготвени во едниот крај се прицврстуваат со чепкалки.
- Компирите се пржат во загреано масло.
2. На доматот му се лупи лушпата со нож и се витка под формата на ружа.
3. Краставицата се лупи и се сечат по должина ленти со помош на нож за лупење.
- Од краставицата се прават розички и се прицврстуваат со чепкалка.
4. Морковот исто така се лупи и се сечи со нож на тенки ленти, лентите се виткаат во ролка.
5.Круговите шунка се сечат на половина и по истио начин како и компирите се прават розички и по истиот начин се постапува и со кашкавалот и трупката.
Цветовите се подредуваат врз листови марула.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови