Кој прошетал низ улиците на Брисел, ќе ви раскаже за убавиот мирис на овие вафли кој доаѓа од секое кафуле и ресторан. Препознатливи се по својата четвртаста форма, а тестото им е со посебно лесна, сунѓереста структуа.

Млекото загрејте го, да биде млако. Ставете го квасецот и мешајте со лажица додека истиот се стопи.
Во еден длабок сад ставете го брашното, додадете двете врсти на шеќер и солта и на крај ставете го млекото со растопениот квасец. Матете со миксер додека состојките убаво да се соединат. Покријте со крпа и ставете на топло да стасува околу 45-50 мин.
Путерот стопете го на ниска температура и оставете 5-10 мин да се излади. Јајцата изматете ги пенасто со миксер и додадете го путерот. Оваа смеса ставете ја во нараснатото тесто и измешајте убаво со шпатула.

Апаратот за вафли загрејте го и намастете ја површината за печење вафли. Ставајте по неколку големи лажици од тестото (во зависност од големината на модлата) и печете на средна температура додека површината на вафлите да порумени.

Се служат со шлаг и овошје, со шеќер во прав или со стопено чоколадо.

Предлог
Наместо ванилин шеќер ставете лимонов или шеќер со арома од портокал. Вафлите ќе добијат децентен освежителен вкус и мирис.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани