Вклучете ја рерната да се загрева на 160 степени. Подлабокиот плех од рерната премачкајте го со масло.
Јајцата изматете ги убаво со шеќерот. Додадете ја матеницата, брашното и прашокот за пециво. Изматете да добиете еднолична смеса па ставете ја во плехот.
На страна кокосот измешајте го со 1 шоља шеќер и оваа смеса распоредете ја подеднакво врз тестото за печење.
Ставете да се пече околу 20-25 минути. Проверете со чепкалка дали е печено.
Извадете од рерната и веднаш налејте ја слатката павлака врз колачот додека е врел.
Оставете убаво да се олади па послужете.
Толку :)
За 30 минути имате готов, сочен и вкусен колач.

Напомена

Матеницата го прави тестото посебно лесно, меко и воздушесто.
Доколку сметате дека рерната силно ви пече, тогаш печете го колачот на 140 степени околу 30-35 минути, битно е кокосот одозгора да не ви загори.
Јас овој пат имав неутрална павлака, па ставив во неа 1 1/2 лажица шеќер и така ја искористив во колачов.
За мерка користев шоља за кафе, од обичните сервиси за кафе, значи од оние со средна големина (175мл).

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани