Вистинско засладување на сладоледи, колачи, торти, палачинки, крофни... Едноставно се подготвува, а вкусот не заостанува зад другите рецепти кои се подготвуваат со млеко. Јас ги сакам брзите подготовки и затоа со вас го споделувам овој вкусен рецепт за карамел прелив.

Подготовка
1. Шеќерот го ставаме на средна температура да се растопи, карамелизира.
2. Откако ќе се стопи и добие проѕирна структура го тргаме на страна и растопуваме путер во него.
3. Ја додаваме постепено слатката павлака која претходно сме ја загреале. Оваа количина на едно 3-4 пати ја додаваме и мешаме истовремено.
4. Смесата ја враќаме на рингла сосема на кратко, колку да се хомогенизираат состојките.
5. Додаваме прстофат сол за да се интензивира вкусот на карамелот.
6. Оставаме да се излади и малку стегне, па го ставаме во тегличка.
7. Го чуваме во фрижидер.

Забелешка
Кога го топиме и карамелизираме шеќерот треба да внимаваме да не ни прегори, значи на висока температура не смееме да го топиме. Кај мене на скала 3-4 од 6 го правев карамелизирањето. Најдобро е да не се меша додека се топи.
Инаку можете и заедно со путерот да го растопите шеќерот.
Највкусен е со млечна слатка павлака, ама ако не ви се наоѓа таква пробајте и со растителна, има разлика, иако не заостанува многу во вкусот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани