Кога ви се брза или не сте баш расположени за правење ручек ова е едно прекрасно решение. Нема да ви одземе повеќе од 30 минути, па затоа запишете си го рецептот.

Во еден сад скршете ги јајцата па со жица изматете.
Додајте го јогуртот, маслото и прашокот за пециво па повторно промешајте со жицата.
Додајте ги двата вида брашно промешајте повторно.
На крај додајте го претходно издробеното сирење со вилушка и промешајте.
Сместата истурете ја правоаголен калап 25х35 но може и во тркалезен тоа е ваша желба.
Калапот ставете го во претходно загреана рерна од 200 С печете околу 25 минути во зависност од рерната. Откако ќе добие златно кафеава боја извадете го од рерна и оставете го малку да олади па исечете го на коцки.Добар апетит.... =)

Чашата е 180 мл
Шолјата е 200 мл

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани