Евтин,брз и сочен колач со кокос.

Подготовка.
1. Најпрво подгответе го филот. Во тенџере на оган ставете го млекото и шеќерот. Мешајте постепено додека да се растопи шеќерот. Откако ќе почне млекото да врие додајте го гризот и мешајте додека гризот да се свари, околу 10 минути потоа додајте го кокосот и промешајте да се соедини. Оставете филот да олади.
2. Во еден сад скршете ги јајцата и додајте го шеќерот. Матете со миксерот додека да се растопи шеќерот, додајте ги сите останати состојки за пандишпанот. Половина од смесата истурете ја во правоаголен плех 25х34 см претходно намрсен со маргарин. Ставте го пандишпанот во претходно загреана рерна од 170 С околу 10 минути или додека да видите како фатила кора.
Потоа над испечениот пандишпан распоредете го филот подеднакво насекаде, прелијте со преостанатиот пандишпан. Повторно вратете во рерна. Печете уште 15-20 минути да се испечи и горната кора. Оставете колачот да се олади, исечете го на коцки и сервирајте. Добар апетит.

ЗАБЕЛЕШКА. За овој колач потрено е да се печи на умерена температура немојте да е покачувате рерната.
Колачот може да се прелие со чоколадна глазура и да се посипи со кокос, но може и да го оставете како што се испекол бидејќи има убава кора.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани