Вкусни, здрави бомбици, во кои и не е задолжително да се користи засладувач.

Прво боровинките ги оставме во сад да се одмрзнат.
Течноста која ја пуштиле не ја фрламе, туку ја оставаме на страна.
Ставаме од неа онолку колку ќе прими смесата, обично цела количина ја впиваат сливите и кокосот.
Сега сите состојки, сливите, боровинките, кокосот, кокосовото масло, циметот, медот и течноста јас ги ставив во Нутрибулет и ги соединив за неколку секунди.
До колку немате нутрибулет ви предлагам сливите да ги сомелите, па заедно со останатите состојки да ги соедините, односно да се измеси смесата со рака.
Потоа од добиената смеса формираме бомбици, кои ги обложуваме со ситен кокос.
Ги редиме во хартиени корпи и ги послужуваме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани