1. Сите состојки се мешаат со миксер.
2. Тава за печење со бр. 28 се намрсува со малку масло или маргарин.
3. Со лажица се вади од тестото и се редат формички во тавата.
4. Се пече во загреана рерна на 180 степени околу 25 минути, тестото треба убаво да порумени.
5. Откако ќе го испечете извадете го и покријте го со крпа и најлон за да омекне.
6. Послужете со кисело млеко, јогурт, сирење итн. Прекрасен појадок им беше на моите дегустатори. На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови