Оваа недела хит ми се брзите хроно доручеци од тава. Па за крај на неделата подготвив брза хроно пица од тава. Навистина е прекрасна и вкусна и најмногу од се што ми се доадна е тоа што е крцкава.

Се подготвува едноставно како и секоја пица.

1. Од наведените состојки се замесува тесто. Се расукува тенка коричка и се става во тава.
2. Одозгора се премачкува до доматно пире и се реди со печеница, маслинки и урда и наросете со оригано.
3. Се става на тивок оган и се пече околу 5 мин.
Немојте да ја печете на силен оган, ќе остане живо тестото. На тивко и подолго време за убаво да се исуши и да остане крцкава кора.

-Овој рецет може да го примените и ако не сте на хроно, со тоа што ќе можете да си дозволите поголем избор на комбинации.
-Ако сакате посна варијанта, заменете ја печеницата со печурки и не ставајте урда.
-Наместо печеница, може да користите и друго сувомеснато, но само 1 вид. Истото важи и за млечното.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови